Багдад: Уапсен лидерот на бунтовниците Махмуд Мутлаг Абдула

Ирачките власти соопштија дека го уапсиле лидерот на бунтовниците Махмуд Мутлаг Абдула, познат како Абу Раад. Прецизирано е дека тој бил водач на групата Абу Талха поврзана со Ал Каида, а која дејствувала во Мосул. Во текот на акцијата на ирачките и американските сили биле откриени и складишта со големо количество оружје.