Вашингтон: Исклучително важно да заврши европската интеграција

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс вчера изјави дека отфрлањето на Уставот на референдумите во Франција и Холандија нема да ги поремети заедничките планиви на Соединетите Држави и Европската Унија. Рајс, по министерскиот состанок со Европската Унија во Вашингтон, меѓу другото, рече дека е исклучително важно да биде завршена европската интеграција и единство, а во тоа е вклучена и Турција.