Бишкек: Триста луѓе упаднале во зградата на Врховниот суд

Во главниот град на Киргизстан Бишкек денеска, како што јавуваат агенциите, околу триста луѓе упаднале во зградата на Врховниот суд. Нивна цел била да ги истераат приврзаниците на петтемина кандидати за пратеници во парламентот кои ги изгубија изборите и ја имаа окупирано зградата повеќе од еден месец. Претходно пред Врховниот суд имало и судири меѓу двете страни.