Скопје: Претседателот Црвенковски ќе отпатува во посета на Хрватска

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Хрватска. На разговорите со неговиот хрватски колега Стипе Месиќ, како и со премиерот Иво Санадер, ќе стане збор за унпаредување на економската соработка и за постигнувањето на стандардите за приклучување кон евроатлантските структури. Предвидено е македонската делегација да го посети и Бриони.