Париз: Референдум за Уставот на ЕУ

Околу 42 милиони ибирачи со право на глас од изутрината во Франција гласаат за суштинскиот референдум за ратификување на Уставот на Европската Унија. Тоа претставува прв голем тест и за Европската Унија, бидејќи според последните истражувања на јавното мислење, постојат можности Французите да гласаат против највисокиот европски акт. Новиот Устава на Европската Унија, што досега го ратификуваа девет земји, мора да биде усвоен од сите 25 членки на Унијата за да стапи во сила. Одбивањето на Уствот според аналитичарите ќе предизвика непредвидливи консеквенции за Европската интеграција, но и за идното проширување на Унијата.