Њујорк: Следната недела специјален пратеник на Кофи Анан за резизија за стандардите

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан во идната недела ќе наименува специјален пратеник за ревизија на спроведувањето на стандардите што се бараат од Косово пред започнувањето на преговорите за неговиот статус. Ова го најави шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен по вчерашната седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации, посветена на Косово. Петерсен изрази задоволство од седницата и оцени дека најважно било тоа што Советот ги прифатил препораките на генералниот секретар сеопфатната проценка дали Косово ги достигнало бараните стандарди да биде објавена во текот на летото. Како кандидат за специјален претставник за ревизија на стандардите најчесто се спомнува норвешкиот дипломат Каи Еиде.