Вашингтон: Разговори Буш - Абас

Палестинскиот лидер Махмуд Абас денеска во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Џорџ Буш. Тое е прва посета на еден палестински претставник во изминативе пет години. Главна тема, како што се очекува, треба да биде како да се забрзаат напорите за воспоставување мир на Блискиот Исток.