Вашингтон: Посета на палестинскиот лидер Абас

Палестинскиот лидар Махмуд Абас во почетокот на неговата прва посета на Соединетите Држави денеска ќе се состане со членови на американскиот Конгрес. Абас утре во Вашингтон ќе разговара со претседателот Буш за блискоистиочниот мировен процес. Израелскиот премиер Шарон кој исто така е во Вашингтон најави дека ќе ја продолжи соработката со Абас.