Женева: Продолжуваат преговорите меѓу ЕУ и Иран

Денеска во Женева продолжуваат официјалните преговори меѓу Европската Унија и Иран за контроверзната иранска нуклеарна програма. Техеран вчера соопшти дека не постојат поголеми шанси за успешно завршување на преговорите. Британија, Франција и Германија извесно време се обидуваат да го натера Иран да се откаже од нуклеарната програма за што за возврат би добил економски бенефиции од Европската Унија.