Рим: Продолжува посетата на премиерот Владо Бучковски

Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска во Рим, како што е најавено, треба да се сретне со лидерот на италијанскиот опозициски блок Романо Проди. По оваа средба е предвиден економски форум на кој ќе учествуваат претставници од стотина македонски и италијански фирми. На форумот ќе се разговара за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.