Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Кризата во Узбекистан и иранската нуклерна програма се очекува да бидат главните теми на денешниот состанок во Брисел на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија. Министрите, како што јавуваат агенциите, би можело да ги поддржат барањата за неутрално испитување на настаните во источен Узбекистан и за продолжување на разговорите со Техеран со цел тоја да биде убеден да се откаже од својата нуклеарна програма.