Рим: Посета на премиерот Бучковски

Македонска државна и црковна делегација предводена од Владо Бучковски престојува во неколкудневна посета на Рим и Ватикан по повод манифестацијата ,,Македонија во чест на Свети Кирил,,. Предвидено е денеска македонската делегација да има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесети. По престојот во Ватикан, премиерот Бучковски ќе замине за Неапол, каде што ќе присуствува на церемонијата на смена на Врховниот командант на јужното крило на НАТО.