Багдад: Убиен генералниот директор на министерството за трговија

Во Багдад во напад на вооружено лице изутрината бил убиен генералниот директор на ирачкото министерството за трговија Али Муса Салман при што загинал и неговиот возач јавија агенциите.Во последните неколку месеци во бранот насилства што се случија по изборот на новата ирачка влада, во Ирак се убиени неколкумина високи ирачки функцинери.