Анкара: Посета на ирачкиот премиер Ибрахим Ал Џафари

Ирачкиот премиер Ибрахим Ал Џафари престојува во Анкара на разговори со турскиот премиер Реџеп таип Ердоган за деловните врски и за напорите за обновата на Ирак. Тоа е прва посета на една странска земја на Џафари откако тој во минатиот месец ја презеде функцијата. Во меѓувреме, агенциите јавуваат дека во Ирак продолжуваат нападите на бунтовниците при што денеска биле убиени четворица американски војници.