Вашингтон: САД ја поддржуваат Јапонија да стане постојана членка на Советот за безбедност на ОН

Соединетите Држави ја подржуваат Јапонија во нејзините напори да стане постојана членка на Советот на Безбедност на Обединетите Нации. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер изјави дека Вашингтон ја подржува реформата на Советот во поглед на новите реалности, но засега нема специфични предлози. Покрај Јапонија, за постојани членки во Советот за безбедност се кандидираат и Германија, Бразил и Индија.