Карасу: Владините сили ја презедоа контролата на градот

Владините сили во Узбекистан ја презедоа контролата врз источниот пограничен град Карасу каде што имаше протести при што имало апсења. Дописникот на Слободна Европа јави дека во протестите претходно била нападната владината зграда и биле претепани неколку службеници. Околу 200 војници влегле во градот при што нема извештаји за судири. Во меѓувреме, Лондон и Вашингтон повикаа независна комисија да ги утврди извештајите дека узбекистанските сили во Андиџан убиле стотици демонстранти.