Карпалак: Четири лица повредени во инцидент

Четири лица беа повредени изутрината во инцидент кој се случи на блокадата поставена од демобилизираните полицајци на автопатот Тетово – Скопје кај месноста Карпалак. Возач најверојатно нестрплив да го мине патот удрил во блокадата повредувајки две лица а потоа уште еднаш повредувајки уште двајца учесници во блокадата. Повредените се надвор од животна опасност, а возачот е фатен на влезот во Скопје.