Мосул: Најмалку двајца Ирачани загинале, а осуммина повредени

Најмалку двајца ирачани загинале, а 8-мина биле повредени, меѓу кои и неколку деца, во денешниот ракетен напад на бунтовниците во градот Мосул. Во Бакуба, пак, од експлозија на автомобил бомба биле повредени 14 лица, од кои 12 полицајци. Од изборот на новата ирачка влада во минатиот месец, во интензивираните напади на бунтовниците загинаа околу 500 луѓе.