Москва: Договор за демаркација на границата меѓу Русија и Естонија

По повеќе-годишни преговори, Русија и Естонија денеска во Москва ќе потпишат договор за демаркација на меѓусебната граница. Овој договор е еден од клучните за односите меѓу Русија и Европската Унија, бидејки Унијата инсистира Москва да ги утврди границите со соседните земји за да го олесни визниот режим за русите.