Багдад: Посета на шефот на иранската дипломатија Камал Карзаи

Шефот на иранската дипломатија Камал Карзаи пристигна во Багдад, што е прва посета на еден висок претставник на иранската влада на Ирак од соборувањето на режимот на Садам Хусеин. Тој, како што е најавено, ќе се состане со ирачкиот премиер Ибрахим ал Џафари. Во меѓувреме, во Ирак продолжуваат насилствата. Агенциите јавуваат дека во двата денешни напади на бунтовниците загинале пет лица, повеќето ирачки војници.