Варшава: Дводневен самит на Советот на Европа

Во Варшава се одржува дводеневен самит на Советот на Европа на кој главни теми се борбата против организираниот криминал и трговијата со луѓе, како и подобрувањето на правата на малцинствата. Ова е трет ваков собир на оваа организација во која членуваат четириесет и шест европски земји. За време на самитот, на кој меѓу другите учествува и македонскиот претседател Бранко Црвенковски, се најавени протести против Советот на Европа, со образложение дека таа организација не успева да го спречи кршењето на човековите права во Европа.