Багдад: Ненајавена посета на Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиз Рајс допатува во ненајавена посета на Ирак за да им пренесе на ирачките политичари дека спроведувањето на политичките процеси во таа земја претствува алтернатива пртив насилството. Пред тоа американската војска во Ирак соопшти дека операцијата против бунтовниците во близина на Сирија завршила успешно, при што загинале 126 бунтовника и деветмина американски војници, додека 40 маринци биле ранети. Во Багдад непознати вооружени лица изутрината го убиле ирачкиот претставник на министерството за надворешни работи, Јасим Мохамед додека четири лица загинале повеќемина биле повредени во два самоубиствени бомбашки напади.