Андиџан: Денеска мирно по судирите меѓу владините трупи и демонстрантите

Во узбекистанскиот град Андиџан денеска е релативно мирно, по судирите меѓу владините трупи и демонстрантите во изминатите два дена. Агенциите јавуваат дека и во градот Караши што граничи со Киргистан, безбедносните трупи патролираат низ градот по вчерашните нереди во кои поради забраната на Киргистан да побегнат вотаа земја, Узбекисатанците ја каменуваа владината зграда и опустошија повеќе автомобили. Сеуште се оперира со различни податоци за бројот на загинати во судирите во Андиџан за кои узбекистанскиот претседател Ислам Каримов ги обвини исламските милтанти од движењето Хизб Уб Такир, оценувјќи дека тие сакале да ја соборат владата.