Вашингтон: Рајс ги повика муслиманите од Авганистан да ги отфрлат повиците за насилство

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ги повика муслиманите во Авганистан да ги отфрлат повиците за насилство предизвикани од извештајите дека американски војници во затворот во Гуантанамо Беј го дискредитирале куранот. Во протестите во Авганистан досега загинаа 7 а беа повредени 70 лица. Омаловажување на куранот никогаш нема да биде прифатено во Соединетите Држави, изјави Рајс, напомнувајки дека истрагата е во тек.