Кјото: Шефовите на дипломатиите од Азија и Европа бараат враќање на Северна Кореа на разговорите

Министрите за надворешни работи од Азија и Европа денеска на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Кјото побараа од Северна Кореа веднаш да се врати на шестпартитните разговори за нејзината нуклеарна програма. Во официјалната изјава се наведува дека тоа Пјонг јанг треба да го стори без никакво одлагање. Претходно шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Моахемд Ел Баради ги повика светските лидери да преземат се што е во нивна можност да ја спречат Северна Кореа да изврши тестирање на нукеларното оружје.