Јуних: Едно лице загинало во експлозија на бомба

Едно лице загинало, а неколкумина други биле ранети во експлозија на бомба во либанскиот град Јуних, кој претежно е населен со христијани, јавуваат агенциите. Ова е петти бомбашки напад откако во февруари годинава беше убиен поранешниот либански премиер Рафик Харири. Во нив загинаа три лица.