Канбера: Австралија нема да ги повлече војниците од Ирак

Австралискиот премиер Џон Хауард изјави дека неговата земја нема да ги повлече војниците од Ирак. Ова е одговорот во врска со барањето што го искажал австралискиот предприемач Даглас Вуд кој е во заложништво на ирачки милитанти. Според Хауард, австралиската надворешна политика не може да биде диктирана од терористи.