Тулкарем: Во престрелка загинаа израелски војник и Палестинец

Еден израелски војник и еден палестинец, како што соопшти израелската армија, загинале денеска во северниот дел на Западниот Брег. До ова дошло во престрелката меѓу израелските војници и палестинските екстремисти во близина на Тулкарем. Овој град е под управа на палестинците од февруари годинава, кога беше постигнат израелско палестинскиот договор за примирје.