Лондон: Разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма

Денеска во Лондон официјални претставници на Иран , Британија, Франција и Германија одржуваат разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма. Европските земји, како што јавуваат агенциите, се надеваат дека, со нудење извесни економски и други субвенции за Иран ќе можат до го убедат да се откаже од програмата за збогатување на ураниумот. Во меѓувреме, Вашингтон е на став дека Иран се обидува да дојде до нуклеарно оружје.