Вашингтон: Буш го поздрави формирањето на новата ирачка влада

Американскиот претседател Џорџ Буш го поздрави формирањето на новата ирачка влада. Буш додаде дека Вашингтон целосно ќе ја поддржува владата на премиерот Ибрахим ал Џафари во нејзините активности за справување со, како што наведе, големите предизвици. ,,Верувам дека постигнуваме добар напредок во Ирак, бидејќи ирачаните почнаа да ги забележуваат придобивките на слободното општество,, изјави Џорџ Буш, на прес конференцијата во Вашингтон.