Каиро: Путин ја завршува посетата на Египет

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска ја завршува посетата на Египет. Официјалните разговори со египетскиот претседател Хосни Мубарак се посветени на ситуацијата во Ирак, Либан, Сирија, како и на предложените реформи на Обединетите Нации. Путин од Египет ќе замине во прва посета на Израел, а потоа ќе престојува и на палестинската територија.