Париз: Разговори Ширак – Шредер

Денешните разговори во Париз меѓу германскиот канцелар Герхард Шредер и францускиот претседател Жак Ширак, како што е соопштено, се фокусирани врз економската соработка на двете земји. Сепак, според агенциите, двајцата лидери кои се големи поддржувачи на Уставот на Европската Унија не ќе можат да ги избегнат дискусиите околу предвидениот француски референдум за Уставот кон крајот на идниот месец. Имено, последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека французите се против европскиот устав.