Вашингтон: Потврдено дека во Ирак не е најдено оружје за масовно уништување

Главниот инспектор на американската Централна разузнавачка агенциа, ЦИА за ирачкото оружје, во конечниот извештај потврдува дека во Ирак не било откриено оружје за масовно уништување. Во документот потпишан од Чарлс Дулфер се наведува дека и по осумнаесет месечната потрага не биле откриени примероци на биолошко или хемиско оружје што пак беше една од главните причини за американската инвазија врз Ирак во март две илјади и третата година.