Вашингтон: Зголемен притисок врз ирачките политичари за формирање нова влада

Соединетите Држави го зголемија притисокот врз ирачките политичари да изнајдат излез од ќор сокакот во кој дојдоа нивните обиди за формирање нова ирачка влада. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска изјави дека во спротивно се доведуваат во опасност демократските процеси во земјата кои започнаа со изборите во јанураи годинава.