Прага: Чешкиот премиер Грос поднесе оставка

Чешкиот премиер Станислав Грос поднесе оставка со што заврши долгата политичка криза во земјата. Грос кој беше под притисок да замине од функцијата поради скандал со неговиот имот, претпладнето му ја предаде оставката на шефот на државата Вацлав Клаус. Само еден час претходно трите владејачки коалциони партнери потпишаа договор за продолжување на соработката. Се очекува нов прмеир да биде сегашниот министер за локален развој Јиржи Пароубек, кој како и Станислав Грос е од Социјалдемократската партија.