Тексас: Посета на саудискиот принц Абдула

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска на неговиот ранч во Тексас му е домаќин на Саудискиот принц Абдула кој вчера во Далас веќе имаше средби со потпретседателот Дик Чејни. Средбата меѓу Буш и Абдула, како што е соопштено, ќе биде фокусирана врз блискоисточниот мировен процес, но и врз можностите за намалување на цените на нафтата во светот.