Луксембург: Бугарија и Романија ќе потпишат договори за членство во ЕУ

Романија и Бугарија денеска во Луксембург ќе ги потпишат договорите за нивното зачленување во Европската Унија на први јануари две илјади и седмата година. Лидерите на двете земји тоа ќе го сторат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата. Во договорот што во наредните дваесет месеци треба да биде ратификуван од дваесет и петте земји членки на Унијата, се прецизира дека влезот на Бугарија и Романија би можело да биде одложен доколку тие не ги спроведат докрај економските и политичките реформи.