Либан: Завршува повлекувањето на сиријските трупи од Либан

Повлекувањето на сиријските воени сили од Либан по 29 годишното воено присуство според најавите треба да заврши денеска. Агенциите, повикувајки се на сириски воени претставници, пренесуваат дека повлекувањето ке заврши до крајот на денов. Сирија треба до 30 април да ги повлече своите војници од Либан поради притисокот на мегународната заедница и протестите на либанската опозиција предизвикани од убиството на поранешниот премиер Рафик Харири на 14 февруари.