Багдад: Нови напади на бунтовниците

Во Ирак денеска нови напади на бунтовниците. Ирачката полиција соопшти дека од експлозија на мина во близина на Багдад загинале 8-мина војници, а уште 20 биле повредени. Од бомби поставени на патиштата настрадал еден цивил во Самара, а тројца војници биле повредени во градот Мосул. Инцидентите зачестија деновиве, во време кога се во тек консултациите за составот на новата ирачка влада.