Рим: Берлускони денеска ќе го објави составот на новата влада

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони најави дека денеска ќе го објави составот на новата влада. Берлускони во средата си поднесе оставка и ја распушти владата поради несогласувањата во центристичко-десничарската коалиција, но вчера повторно го доби мандатот од претседателот Карло Азељо Чампи.