Њујорк: ОН ќе наименува специјален истражител за човекови права

Високиот комесаријат на Обединетите Нации за човекови права донесе одлука да наименува специјален истражител за човековите права во суданскиот регион Дарфур. Тој во наредниот период треба да подготви извештај што потоа ќе му биде презентиран на Генералното собрание на Обединетите Нации. Се верува дека во Дарфур во изминативе две години биле убиени повеќе од сто и осумдесет илјади луѓе и оти околу два милиона се исселени од своите домови.
Денеска во Мадрид почна судењето против дваесет и четири лица, пред се сиријци и мароканци, под обвинување дека биле членови на келијата на Ал Каида која ги извела нападите врз Соединетите Американски Држави на единаесетти септември две илјади и првата година. Повеќето од осомничените, шпанските власти ги уапсиле два месеца откако беа извршени овие напади во кои загинаа скоро три илјади луѓе.