Индија: Најмалку 24 загинати во железничка несреќа

Најмалку 24 луѓе загинале, а уште толку биле повредени во денешниот судар меѓу патнички и товарен воз во западна Индија. Во Индија годишно се случуваат околу 300 несреќи на железничките пруги, каде што сообраќаат 12 илјади возови и дневно се превезуваат околу 13 милиони патници.