Вилнус: Дводневен неформален состанок на шефовите на дипломатиите на НАТО

Министрите за надворешни работи на НАТО на дводневните неформални раговори во Вилнус, Литванија главното внимание ќе го посветат на состојбите на Балканот и во Ирак и Авганистан. Во Вилнус се зголемени мерките за безбедност, особено по вчерашното одложување на посетата на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на Москва, поради заканата за бомба во хотелот каде што требаше да престојува.