Москва: Денеска разговори Путин - Рајс

На денешните разговори во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс се очекува да стане збор за текот на демократијата во Русија. Рајс која престојува во прва посета на Москва претходно изјави дека не ќе биде добро за демократијата доколку Путин се обиде да го смени Уставот со цел и по трет пат да остане претседател на Русија.