Либан: Составена новата влада

Новиот либански премиер Наџиб Микати денеска ја состави владата, која во наредните денови треба да ја добие довербата во Праламентот. Со тоа се зголемени шансите за навремено одржување на парламентарните избори во Либан, закажани за наредниот месец. Либан е без влада од февруари, кога беше предизвикана политичка криза по атентатот врз поранешниот либански премиер.