Вашингтон: Сенатот го повика Буш да ги вклучи трошоците за Ирак во буџетот

Американскиот Сенат го повика претседателот Џорџ Буш во годишниот буџет да ги вклучи и трошоците за операциите во Ирак и во Авганистан. Демократите реагираа на фактот што претседателот потрошил околу 280 милијарди долари надвор од буџетот. Белата Куќа соопшти дека е многу тешко да се предвидат воените трошоци.