Ватикан: Втор ден гласање за избор на нов Папа

Кардиналите на Римо-католичката црква денеска го започнаа вториот ден од гласањето за избор на нов Папа. Вчерашното гласање на 115-те кардинали не успеа, по што од оџакот на Систинската Капела се појави црн чад. Според традицијата, кардиналите гласаат два пати претпладне и два пати попладне, а доколку некој од кандидатите добие дво третинско мнозинство, од оџакот ќе се појави бел чад, што ќе значи дека е избран новиот Папа.