Хаг: Тарчуловски се изјасни за невин

Јохан Тарчуловски, поранешен телохранител на претседателот Борис Трајковски, денеска пред Хачкиот Трибунал се изјасни за невин по обвинението за кршење на законите и обичаите на војување во врска со случајот Љуботен. Не сум виновен, изјави Тарчуловски откако судијата Албин Ејзер ги прочита трите точки од обвинението, меѓу нив и за убиство. За истиот случај заедно со Тарчуловски е обвинет и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски кој во минатиот месец, пред Хашкиот трибунал, исто така се изјасни дека е невин.