Ватикан: Утре започнува конклавата на кардиналите за избор на нов Папа

Во Ватикан утре започнува конклавата на кардиналите на која треба да се избере нов папа. Претставниците на светата столица најавија дека од Сикстинската капела два пати дневно ќе се пушта чад за да се информира светската јавност дали е избран нов папа. Белиот чад ќе значи дека е избран нов поглавар на римокатоличката црква, а во спротивно чадот ке биде црн. Ако нов папа не биде избран за три дена, кардиналите може да направат пауза од еден ден, тоа би можело да биде четврток или петок, во зависност од тоа дали кардиналите за прв пат ќе гласаат во понеделник навечер. Папата Јован Павле Втори почина на 2 април на 85 годишна возраст.