Белград: Утре состанок на Советот за европска интеграција

Претседателот на државната заедница Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ за утре закажа седница на Советот за европска интеграција. На средбата ке присуствува и еврокомесарот за проширување на Европската унија, Оли Рен, кој високите претстравници на властите ке ги запознае со Студијата за изводливост, која Европската комисија ја оцени позитивно, со што е дадено зелено светло за почеток на разговори за постигнување на спогодба за стабилизација и асоцијација.